Македонија
СДСМ со кривични против премиерот, вицепремиерите и министер
СДСМ поднесува кривични пријави против Емил Димитриев, Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа -Милевска поради прекршување на Изброниот законик.
Како што појаснуваат од партијата во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон. Во ваков случај, министерствата не остануваат без раководно лице, бидејќи неговата должност ја презема заменик-министерот.
„Наведените членови на ВМРО-ДПМНЕ смислено и во континуитет од денот на верификација на мандатите за пратеници во Собранието на РМ, парарелно ја вршат и функцијата министер. Со таквото однесување тие ја злоупотребуваат својата службена положба и овластување. СДСМ како одговорна партија, која се грижи за доследно спроведување на законите во РМ, поднесува соодветни кривични пријави против наведените лица и очекуваме брза и ефикасна реакција од надлежното обвинителство“, рече Петре Шилегов, од СДСМ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

