Македонија
СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ.
„Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат голема некадарност во водењето на МВР. Најважното, безбедносна на граѓаните се загрозува со тоа.
ДПМНЕ и Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот“, истакнуваат од владејачката партија.
Го очекуваат, како што истакуваат во дописот, денеска Ковачки да излезе пред МВР и да побара одговорност од Тошковски а од ДПМНЕ да излезе во јавноста со обвинување за него дека ја направил Македонија како Колумбија во 90-тите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.
Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), на Град Скопје, дека од 17.25 до 18.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во с. Марино (Општина Илинден), од 21.00 до 00.05 часот со 4 пожарникари и 2 ПП возила гаснале запалено сено и гранки на ул. Малешевска б.б. изгорена површина од 100 м2 (Општина Кисела Вода), и од 01.40 до 02.30 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалено ѓубре во с. Брњарци (Општина Гази Баба).
РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани дека од 15.00 до 15.45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалено ѓубре во дворот на СОУ „Гошо Викентиев“ (Општина Кочани).
ТППЕ Штип, известува дека од 16.00 до 18.00 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалена сува трева, нискостеблеста шума и грмушки (смрека) кај м.в „Баргала“ (Општина Карбинци).
РЦУК Охрид информацијата дека од ТППЕ Охрид од 18.30 до 21.40 часот, со 15 пожарникари и 3 ПП возила, гаснeле запалена трска на охридското крајбрежје (од Специјалната болница „Св. Еразмо“ до кампот „Андон Дуков“, со ширење кон атарот на с. Подмолје во Општина Охрид).
РЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 19.50 до 20.30 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во место викано „Стари Лозја“ (Општина Куманово).
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Македонија
Герасимовски: Солидарноста не е кампања, туку начин на живеење

„Солидарноста не смее да се активира само кога ќе се случи трагедија. Таа треба да биде дел од нашето секојдневие“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на трибината „По солидарноста не препознаваат“, организирана од Здружението за заштита на правата на граѓаните „Човекот над профитот“.
Герасимовски потенцираше дека Општина Центар е постојано присутна таму каде што помошта е најпотребна.
„Вложуваме во проекти што ја зајакнуваат меѓусебната поддршка и градат хумана заедница, било преку финансиска поддршка за семејства со новороденчиња, бесплатен престој во градинки за деца на самохрани родители и децата од ромската популација, помош за лица од социјално загрозени семејства, или за пензионери и граѓани со тешки болести. „Итно копче“ и „Центар се грижи за возрасните“ се токму такви проекти наменети за нашите сениори кои се сами и фрагилни. Солидарноста не е кампања, таа е начин на живеење“, рече Герасимовски.
На трибината посветена на Европската недела на солидарноста тој истакна дека оваа година, за првпат е објавен јавен повик за финансиска поддршка на проекти кои нудат социјални услуги за ранливи категории граѓани.
Дополнително, општината континуирано организира хуманитарни настани на кои се собираат финасиски средства за оние на кои тоа им е најпотребно.
„Во рамките на Европската недела на солидарност, Општина Центар заедно со Црвениот крст организира акција за собирање донации за социјално загрозени семејства преку детските градинки, со вклучување на родителите, нагласи Герасимовски.
Македонија
Шумичка според уникатен метод на јапонски професор ќе се подигне на Шумарски, во рамки на настанот и работилница

Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира меѓународни предавања и работилница со наслов „Создавање шуми според методот Мијаваки“, кои ќе се одржат од 15 до 16 април 2025 година, во просториите на Факултетот.
Во рамките на програмата за работа, на 15. април, предавањата со физичко присуство ќе ги изведат професор емеритус Казуе Фуџивара (Emerita Prof. Dr. Kazue Fujiwara) од Националниот универзитет во Јокохама, Јапонија, која е и ученик и асистент на основачот на оваа методологија – проф. д-р Мијаваки, потоа професор емеритус Елџин Овен Бокс (Emeritus Prof. Dr. Elgene Owen Box) од Универзитетот во Џорџија, САД и Мотохару Ночи (Motoharu Nochi), основач и директор на проектот „Мидоризејшн“. Исто така, виртуелни презентации ќе имаат уште тројца експерти непосредно вклучени во активностите за озеленување според методот Мијаваки во Јапонија, Тајланд и во Европа.
Покрај меѓународните предавања и дискусиите, на 16-ти април, во дендропаркот на Факултетот ќе се подигне шумичка во согласност со методологијата на Мијаваки, во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Национални шуми“ и Градинарскиот и оперативен центар „Фоја КО“ од Скопје.
Работен јазик на меѓународните предавања и работилницата е англискиот јазик.