Македонија
СДСМ: Уставните измени се за продолжување на европскиот пат, сите лаги на опозицијата се потопени
Уставните измени се за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбедат европската иднина на државата и на граѓаните, велат од СДСМ.
Важноста на историскиот момент пред кој се наоѓа земјата, според оваа партија, е од пресудно значење и потребно е да направи исчекор во евроинтеграцискиот процес.
„Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна. ДПМНЕ нема аргументи за блокадата на донесувањето на уставните измени, сите лаги, до една, им потонаа.
Првин ширеа страв и паника за асимилација и бугаризација и македонски јазик како бугарски дијалект. Не само што нема никаква асимилација, ниту бугаризација, туку имаме заштитен македонски јазик и идентитет“, се нагласува во соопштението од СДСМ.
Според партијата на власт, во вода им падна и реториката за бугарски диктат, преговорите не се водат со Бугарија, туку со Европската Унија.
„Преговарачката рамка е усвоена од сите земји членки на ЕУ, а уште една лага на ДПМНЕ е дека за неа може повторно да се преговара. Уставните измени се за доброто на граѓаните, за продолжување на европскиот пат, за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година“, додаваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачевски: Демократијата е како кислород – кога е тука, не ја забележуваме, кога ќе ја снема, се чувствуваме задушено
Да не си играме со нашите демократски вредности и да осигураме силен СДСМ во Собранието за да може да бидеме чувари на демократските институции. Да осигураме дека нема да ја вратиме државата во „дивите“ времиња на ВМРО ДПМНЕ и Груевски“, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски од завршниот митинг во Скопје.
„ Демократијата е како кислород. Кога е тука, не ја забележуваме. Кога ќе ја снема, почнуваме да се чувствуваме задушено. Кога нема демократија, настапува смрт. Смрт за слободни медиуми, за слободна мисла, за слобода на изразување за слобода на протест. Едноставно шепотите седите дома, се криете и немате каде да го кажете вашето мислење. Да не си играме со нашите демократски вредности и да осигураме силен СДСМ во Собранието за да може да бидеме чувари на демократските институции. Да осигураме дека нема да ја вратиме државата во „дивите“ времиња на ВМРО – ДПМНЕ и Груевски“, рече Ковачевски.
Лидерот на СДСМ потенцираше дека мора да продолжиме да се бориме и да ја менуваме Македонија ако сакаме да направиме европска држава со ред и поредок, повисок стандард, високо ниво на безбедност и стабилност.
„Затоа и ја креиравме нашата Програма за европска иднина. За повисоки плати и пензии! За поголема поддршка за младите, за студентите, учениците, за ранливите. За поголема поддршка за стопанството и земјоделството. За енергетски независна држава. За конечна и одлучна борба против криминалот и корупцијта. За подобро образование и здравство. За повеќе и подобро за сите!“
Ковачевски ги повика граѓаните на изборите в среда да гласаат совесно и одговорно и да ги поддржат пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски како единствена опција која има сила и знаење да ја внесе државата во Европската Унија.
Македонија
Николоски: Ветувавме дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и немаше, сега ќе нема влада со ДУИ
Изборот е дали Македонија ќе ја градиме како што ја сонуваа нашите предци или Македонија ќе ја уништуваат СДСМ и ДУИ. Изборот е дали ќе имаме нормална држава или држава која тоне во криминал и корупција. Овие шест и пол години како раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателот Христијан Мицкоски секојдневно се боревме со криминалната власт, не имаше секогаш кога е потребно на македонските улици, плоштади да се спротивставиме на предавствата, криминалот и корупцијата и 8 мај е денот кој го чекавме со години. Затоа 8 мај е круна на нашата борба, 8 мај е денот на победата, денот на кој нашата генерација добива шанса Македонија да ја направи пристојно место за живеење, истакна носителот на Изборна единица 4 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
„На 8 мај одлучуваме каде оди Македонија и затоа ни е потребна масовна референдумска излезност, а после тоа она што го ветуваме ќе го оствариме затоа што ние сме многу сериозни во нашите ветувања. Кога рековме не за промена на Уставот под бугарски диктат ние бевме сериозни во тоа и го направивме тоа, кога рековме битка со организираниот криминал и корупција ние бевме сериозни и не потклекнавме под ниедна уцена и закана, кога рековме ќе ја чуваме македонската национална гордост ние го направивме тоа, кога рековме градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат без скандали го рековме и го направивме тоа и затоа кога велиме влада без ДУИ ние го мислиме тоа и ќе го направиме тоа, ќе одат во опозиција и ќе одговараат“, посочи Николоски.
Тој кажа дека овие избори се и „за слобода на уставобранителите“.
„Овие избори се и за слобода на уставобранителите и за правда на онеправданите. Овие избори се за над 3.000 семејства пред се членови на ВМРО-ДПМНЕ кои беа жртва на политички прогон во изминативе шест и пол години. Овие избори се за правда, економски напредок за едно ново утре за сите вас, за сите нас“, додаде Николоски.
Македонија
МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари
Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело ” поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава” со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка.
И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така денеска, во 17.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода А.Ч.(50) од село Мелница, општина Чашка.
При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело “поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ,,Валтер” со една рамка, еден пиштол „Црвена застава”, еден пиштол „Бул” со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986 670 денари во разни апоени и 2 325 евра во разни апоени.
А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.