Македонија
СДС нека прашаат во Струмица, Центар и ЈПДП кои набавија исти такви машини, доста со фабрикување лаги
Очајот на СДС е голем. Во недостиг на проекти, а во изобилие на скандали поврзани со нивната власт, мораат да фабрикуваат и измислуваат афери за други. Денес во најмала рака јавноста очекуваше да одговорат како власта на ДУИ и СДС доделила стотици илјади евра на невладините организации предводени од сопругите на функционерите од власта, или како УЈП дозволило исплата на 22 милиони евра поврат на ДДВ по криминален пат на компании со матна позадина. Но, очигледно СДС молчи за скандалите каде се фатени 100:0, па мораат безочно да лажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако сакаат одговори за овие нивни наводи нека прашаат во Струмица, Центар и ЈПДП како се набавуваат истите такви машини и колку чинат со соодветната опрема, одговараат од партијата на денешната прес конеференција на СДСМ.
-Дополнително, институциите се под нивна контрола и доколку имало било каков криминал до сега ќе реагираа. Набавките се направени согласно законот и народните пари од страна на градоначалниците се потрошени рационално. Тоа за жал не е случај кога се работи за кадрите на СДС и ДУИ кои брутално ги трошат парите на граѓаните и крадат. Но, за овие скандали на власта на СДС и ДУИ ќе има одговорност и тоа ќе дојде многу скоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Падна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата „Автокоманда“.
Од ЦУК, веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација, покрај МВР, беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратија екипи и истите интервенираа во расчистување на паданатото дрво.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.