Македонија
СДС се дотерани до ѕид, па лажат и манипулираат, нема да поддржиме уставни измени под бугарски диктат, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС се дотерани до ѕид, па лажат и манипулираат, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под бугарски диктат и самите се свесни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По лидерската средба и самиот Ковачевски и СДС кажаа дека е неуспешна, притиснати до ѕид и незнаејќи што да прават, лажат со денови, за да купат некој ден повеќе. СДС немаат повеќе за што да се фатат, освен на нови лаги, од ден во ден.
Наместо да спинуваат со денови, треба само да излезат и да кажат кој од двата предлога на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат. Едноставно е, ние нема да прифатиме уставни измени под бугарски диктат, единствен начин и Македонија да биде заштитена и интеграцијата да се одвива непречено е преку предлозите на ВМРО-ДПМНЕ“ додаваат од партијата.
Оттаму очекуваат Ковачевски да каже кој предлог го прифаќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

