Македонија
СДС се тие без кои Талат Џафери немаше да стане премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС се тие без кои Талат Џафери немаше да стане премиер. Без пратениците на СДС, ДУИ можеше само да фантазира за премиер. СДС 7 години го држи ДУИ во влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според нив сите криминали кои ДУИ ги направиле се со помош на СДС, и се со една цел, за да имаат пар министри и Ковачевски да биде премиер.
„СДС подолг период наназад ја продава државата. Недовербата во судството, партизацијата, криминалот и корупцијата се последица на владеењето на СДС и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ влезе во техничка влада затоа што тоа е законска обврска, која СДС и ДУИ не сакаа да ја променат. И на СДС и ДУИ им беше потребна техничката влада за полесно да го изберат Џафери за премиер“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

