Македонија
Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година, малиот Груевски повторно работи против интеграцијата, велат од СДСМ

Нема разлика во ВМРО-ДПМНЕ меѓу Мицкоски и Груевски. Се расправаат меѓу себе, но ист им е ставот за изолација на земјата, велат од СДСМ.
„ДПМНЕ 11 години ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО. Големиот Груевски нудеше споменици наместо иднина“, дополнуваат оттаму.
Според нив, сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030, година Никола Груевски повторно работи против интеграцијата.
„Само не може да им понуди ништо на луѓето, освен неизвесност“, истакнуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски: МФ да изнајде финансирање за брзата пруга, формирано и координативно тело за реализација на договорот со Велика Британија

Владата на вчерашната седница ги отпочна првите чекори за реализација на Договорот со Велика Британија и веќе е формирано Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија, информираше денеска Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
-Членови на координативното тело покрај мене се: Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Министерот за дигитална трансформација, Министерот за здравство, директорот на Македонски железници-Инфраструктура, Генералниот секретар на Владата и Државниот првобранител, а телото може да кани и други гости по потреба, кои што ќе ја следат реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија, истакна Николоски.
Додаде дека на вчерашната владина седница е направен и првиот чекор, за отпочнување на проектот за изградба на брза пруга на Коридорот 10, од границата со Грција до границата со Србија.
-Имено Владата на предлог на Министерството за транспорт, донесе Одлука, со која што се задолжува Министерството за финансии, на меѓународниот финансиски пазар, низ една отворена и транспарентна процедура, да изнајде финансии за спроведување на овој проект. Должината на пругата треба да се некаде над 200 километри, истата треба да е двоколосечна, во патничкиот сообраќај треба да има брзина од 160км/ч, а во карго сообраќајот треба да има брзина од најмалку 120км/ч и рокот за реализација треба да е некаде 5 години. Очекуваме во текот на летните месеци да имаме поконкретни детали околу финансирањето на проектот, и секако да одиме кон фаза на избор на изведувач, кој што би почнал уште од оваа есен да работи на теренот. Ќе работиме во заеднички проект, каде што и проектирањето и изведбата ќе бидат од еден изведувач и најверојатно ќе се оди според FIDIC правилата или според така наречен жолт FIDIC или според така наречен среден FIDIC, изјави Николоски.
Македонија
(Фото) Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, во официјална посета на Армијата

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.
По приемот со високи воени почести, во Кампот за обука на вода во Охрид, генерал Габор Беренди оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На средбата се разговараше за досегашната билатерална соработка помеѓу двете сојузнички НАТО армии и можностите за понатамошно унапредување на истата, преку конкретни активности од заемен интерес (обука и вежби, размена на искуства и користење на капацитетите за обука). Притоа беше констатирано дека билатералната меѓуармиска соработка, која во континуитет е на високо ниво, придонесува кон безбедноста и стабилноста во регионот.
За време на официјалниот состанок, делегацијата од ВС на Унгарија беше запознаена со процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Република Северна Македонија, структурата на специјалните сили, билатералната соработка помеѓу специјалните сили и капацитетите на АП„Криволак“.
Во рамки на заедничката обука со специјалните сили на ВС на Унгарија беше изведена методско-показна вежба „Препад на пловен објект и командно место“, како и тактичко- технички збор на кој беше прикажана дел од опремата која се користи за време на обуката.
По завршување на вежбата генералите истакнаа дека со оваа заедничка обука, покрај зајакнување на интероперабилноста се зајакнува и меѓусебното пријателство.
Поддршката за време на природни непогоди, како и учеството на припадници на воениот оркестар на ВС на Унгарија на концертот кој традиционално се изведува неколку години во пресрет на Нова година, дополнително го зајакнува силното партнерство и соработка.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДС признава дека економијата заживува, БДП расте и инфлацијата, која во нивно време беше двоцифрена, се намалува

Добро е СДС уште еднаш призна дека по економскиот пустош кои тие го оставиле, македонската економија бележи раст. По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за нецела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП, реагираат од владејачката партија на прес-конференцијата на Кристина Костова потпретседателка на СДСМ.
Додаваат дека трето тримесечје по ред, Македонија бележи раст на БДП за 3 или над 3%.
„Имајќи предвид каква економска состојба беше наследена, ова е повеќе од добар резултат којшто ги поставува основите за понатамошен раст и развој на економијата. Кога СДС, зборува и лие крокодилски солзи за инфлацијата, која постепено и таа се намалува и се става под контрола, ако заборавиле, ги потсетуваме дека за време на нивното владеење инфлацијата, која го јадеше стандардот на граѓаните, беше двоцифрена“.
Добро е велат од партијата на Мицкоски, што СДС со своите прес-конференции признава дека добро осмислените економските политики и мерки преземени и имплементирани од страна на Владата, даваат резултати. „Дека полека заживува економијата која тие ја оставија опустошена, дека расте БДП и се намалува инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена“.