Македонија
Секс-снимката не беше пречка судијата Авдија да биде избран за претседател на Граѓанскиот суд
И покрај секс-скандалот со вработена во просториите на судот, со 11 гласа „за“, Бесник Авдија беше избран за претседател на Граѓанскиот суд – Скопје.
Членовите во таа насока образложија дека нема постапка, кривична одговорност и дисциплинска повреда за да гласаат против. Оценија и дека тој го поминал тестот за интегритет.
Мери Радева рече дека за Авдија има позитивна оценка и ги исполнува сите други услови предвидени со законот. За секс-снимката рече дека датира од 2019 година и тоа не е причина да не биде избран кога нема утврдени факти, а со оглед на тоа дека сè уште не е расправано по претставката поднесена од некое лице. Доколку се утврди дека има некакви причини за да не ја врши таа функција – Советот ќе постапува, рече таа.
Судијката Антоанета Димовска, пак, рече дека тој бил единствен кандидат што ги исполнува сите услови и лично гледајќи ја снимката, не може да каже дека тоа би било пречка, а нема постапка за детаљно да се испита.
Авдија беше единствениот кандидат за претседател на Граѓанскиот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

