Македонија
Села: Изборите ќе се одржат кога ќе има услови, сега водиме друга битка

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, посочи дека, според него, најважниот дел од политиката е здравјето на граѓаните и кога тоа е опасност, не може да има безбедност.
„Ние донесовме одлука да се одложат изборите, кои требаше да се одржат на 12 април. Се договоривме изборите да се одложат, но треба да се најде начин како тоа ќе се направи. Експертскиот тим, кој го познава уставното право, треба да го најде начин како тоа да се направи. Се надеваме дека ние ќе победиме во оваа војна, а кога ќе има услови, ќе се одржат и изборите“, рече Села.
Тој побара од Владата да биде повнимателна со жителите на Дебар и Центар Жупа, кои сега се во своите домови, бидејќи таму има хронично болни лица.
„Ситуацијата треба да се сфати сериозно, но притоа апелирам до Владата, која е ангажирана за справување со коронавирусот. Има две жаришта, Дебар и Центар Жупа, а Владата треба да биде повнимателна бидејќи иако има ограничувања, треба да се има предвид дека има граѓани што се хронично болни, односно кризните штабови треба да им носат медикаменти, кои тие ги земаат. Исто така, треба да се оди во правец на снабдување со храна и сите други потреби“, додаде Села.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.