Македонија
Села и Гаши: Пендаровски не отвори уста за монтираните случаи против Албанци, а дебатира за терористите во Собранието
Неприфатливо е претседателот на државата да станува дел од дебата за помилување на терористите од 27 април, преквалификација на делото или слични игри, реагира коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива на последните изјави на претседателот, Стево Пендаровски за осудените за упадот во Собранието.
Оваа реакција доаѓа откако Пендаровски во интервју изјави дека со нови докази и нови сведоци може да се бара повторно отворање на целиот случај за „крвавиот четврток“.
„Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа“, изјави Пендаровски.
„Почитуван Пендаровски, Вие не отворивте уста ниту еднаш за монтираните случаи, особено кон Албанците, особено кога беше убиено дете како Алмир и кога еден криминалец како Бобан Илиќ беше пуштен на слобода. Неприфатливо е кога Вие како претседател станувате дел од дебата за помилување на терористите од 27 април, преквалификација на делото или слични игри, како тие што ги видовме кога се амнестираа еден дел од нив. Секаква преквалификација на делото на сторителите ќе биде сфатено како преквалификација на нашата борба против тогашниот режим против кој се боревме сите“, реагираат од коалицијата на Села и Гаши.
Пендаровски по дадената изјава дообјасни дека не планира никаква амнестија за овие осудени и рече дека поддржува нов судски процес ако има нови докази.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, беше најтешко повреден меѓу пратениците при упадот во Собранието на 27 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.