Македонија
(Видео) Села: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно
Токму во оваа сала се случи убиство. На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по вторпат, рече Зијадин Села.
„Заев рече дека имало потреба од помирување, но јас би рекол нема мир со злосторници. Оние кои мене ме спасуваа се во затвор, а оние што ги отворија вратите на слобода. Каква иронија“, истакна Села.
Според него, срамно е тоа што токму злосторниците се во сала и гласаат, а тие, како што рече, го изготвиле законот за амнестија.
Тој категорично е против закон за амнестија и смета дека оние кои ги отвориле вратите на Собранието на 27 април треба да одговараат, а не да се шетаат слободно.
„Ова ли е правна држава, што ја градиме ние?“ праша Села.
Затоа, како што нагласи, Алијанса на Албанците нема да биде дел од овој срам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

