Македонија
Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска
Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта.
Од овој формат во кој учествуваат претставници од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ извиси Алијансата на Албанците на Села, која сега е опозициска партија со двајца пратеници. Имено, четвртата партија што ќе присуствува на средбата е Беса на Касами од каде за „Макфакс“ изјавија дека поканата е очекувана зашто претставникот во ДИК е од нивните редови.
Премиерот Зоран Заев вчера најави нова лидерска средба во помал состав. Тоа е на барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа ја напушти средбата во Клубот на пратеници. Мицкоски побара новата средба да биде со четворицата лидери на најголемите партии, а не во проширен состав.
Заев вчера објасни и дека референдумот ќе биде консултативен и објави како ќе гласи прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?
Тој појасни дека за конечна се смета одлуката ако на референдумот излезат најмалку 50 отсто од вкупниот број запишани избирачи во избирачкиот список.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

