Македонија
(Видео) Села побара вонредни парлaментарни избори
Пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изјави дека вчерашните случувања во Собранието, кога беше прекината седницата на која требаше да гласа за одземање на имунитетот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, се удар врз надежите за правна држава и побара да се распишат вонредни избори.
„Ова вчера беше удар врз надежта за правна држава, ова мнозинство, кога треба да се амнестира криминал, е заедно. Сведоци бевте на закон за амнестија. Ако има трошка морал, да се прогласат вонредни избори“, рече Села.
Тој обвини дека вчера ДУИ сервирала театар, завчера преку Агим Шаќири, а вчера преку Талат Џафери, „во неможност да ја држи седницата истиот претседател кому не му сметаше на 27 април да го изберат како што го избраа“. „Се виде дека е добар актер и не заслужува да го држи имиџот за претседател Албанец на Собранието“, рече Села.
Според него, ДУИ е партија од стариот режим, која е врска меѓу нов и стар режим и мотивите да го заштитат Трајко Вељаноски се многубројни, тие се многу фатени во корупција и криминал“. Села изрази сомнеж дека и ДУИ е замешана во организацијата на 27 април потсетувајќи дека Али Ахмети дента не беше присутен, дека Џафери имал сознанија, како и тогашниот заменик-министер на МВР, Агим Нухиу, кој беше од редовите на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

