Македонија
Се интензивира соработката со ЕУ во реализација на ИПА-програмата во животната средина

Mинистерот за животна средина, Садула Дураки, oствари работна средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, и раководителот за соработка во ЕУ-делегацијата, Никола Бартолини. На средбата се разговараше за унапредување на соработката што Министерството за животна средина и просторно планирање ја има со делегацијата на Европската Унија во областа животна средина. Се зборуваше за реализацијата на проектите од ИПА1, за успешните приказни, но и за слабостите и можностите за надминување на истите.
Посебен акцент беше ставен на реализацијата на претстоечките проекти од ИПА 2 при што потпирајќи се на искуството од досегашната соработка беа разгледани можностите за забрзување на темпото и успешноста на реализација на истите. Од двете страни беше искажана подготвеност за интензивирање на соработката во постигнување на заедничките цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).