Контакт

Македонија

Се одржа првата регионална конференција под покровителство на „BECUTAN“ „Родителството некогаш и денес“

Објавено пред

Експертите и јавните лица се едногласни во однос на ставовите дека родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси.

dobivaj vesti na viber

Водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац ја отворија првата регионална конференција на Becutan, која броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот.

Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, Becutan со особено задоволство го организираше овој несекојдневен настан, во чиј фокус не беше негата, туку грижата за секое дете уште од првиот ден на раѓањето.

Конференцијата беше посветена на сите деликатни теми и важни предизвици со кои се соочуваат родителите денес, а за кои средината, под влијание на социјалните медиуми, сѐ почесто креира илузија на совршена слика. Дали има совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитувањето и дали таа има граници? Како се менувал пристапот во родителството низ децениите? Дали воопшто постојат точни одговори за
многуте родителски дилеми? Ова беа само дел од темите за кои без задршка дискутираа јавни лица и експерти од повеќе сфери поврзани со детскиот развој од Македонија и од регионот.

ПАНЕЛ 1: „Дали мама или баба знае подобро?“
Бебето не доаѓа на свет со упатство за употреба – родителите го имаат првиот потег!

Докторите, здравствените професионаци, експертите за ран детски развој и психолозите се едногласни дека родителството денес се перципира многу покомплексно одошто порано.

Д-р Амра Јузуновиќ-Каљиќ, спец. педијатар, подвлекува дека мора да постои НЗС низ паралелата на семејните улоги некогаш и денес. „Она што сите нè поврзува е љубовта спрема децата. Иако можеби имаат различни методи, мама и тато, како и баба и дедо имаат една иста цел најдоброто за своите деца и внуци.“

Учесници на панелот(од лево кон десно):д-р Натко Бек, специјалист педијатар и водител на емисијата на HTV „Dr.Beck“ (Хрватска); прим. д-р Марина Поп-Лазарова, специјалист неонатолог (Македонија); д-р Ивана Бралиќ, специјалист педијатар (Хрватска); д-р Горан Вукомановиќ, специјалист педијатар (Србија); д-р Амра Јузуновиќ-Каљиќ, специјалист педијатар (Босна и Херцеговина)

прим. д-р Марина Поп-Лазарова, специјалист неонатолог, во својата дискусија ја потенцираше суштинската улога на фактот дека секое дете е различно, па оттука генерализациите за совршено родителство најчесто се само извор на дополнителен стрес и притисок врз самите родители.

Д-р Ивана Бралиќ, специјалист педијатар, ја потенцираше важноста на индивидуалниот пристап во процесот на растење дете, без притисок од императивот на денешното родителство „да се биде модерен“.

ПАНЕЛ 2: И ЉУБОВ И ГРАНИЦИ
Во воспитувањето по мерка само љубовта треба да биде неизмерна!

Постои ли баланс меѓу емоциите и поставувањето граници во процесот на воспитување? Колку често родителите се преиспитуваат дали постапиле правилно? Дали родителите се најдобрата верзија на себе пред своите деца и дали идеализирањето на улогата на мајката го зголемува притисокот за тежнеење кон совршено родителство?. Ова беа некои од темите на кои дискутираа мајките и експертите изнесувајќи ги своите ставови околу вечните родителски дилеми.

„Не сметам дека поставувањето граници, па и наменското казнување во воспитниот процес значат емоционално дистанцирање од децата. Напротив, граници мора да постојат, но тоа бара комплетно индивидуален пристап. Секое време си носи свои предизвици. Ако за мене најголема казна во детството била дека не смеам да играм надвор, за моите деца тоа не би имало никаков ефект“, истакна водителката Сања Кужет.

Јелена Холцер, педагог и основач на „Училиште за родители“, истакна:

„Нашите баби и дедовци и нашите родители биле многу поедноставни во процесот на пренесување вредности кон децата. Во тој поглед, тие имаат блага предност во таа родителска улога, во однос на нас. Нашите деца денес, како резултат на огромната достапност на информации (интернет), можат сами да дојдат до одговори на одредени прашања. Или ако од вас го добијат одговорот кој не им е по мерка, посегнуваат кон друг, сопствен извор на информации.“

Д-р Бек пак нагласи: „Во процесот на воспитување ние сме граница. Нашиот пример е она кое им покажува на децата до каде можат да одат“.

Учесници на панелот (од лево кон десно): Мирна Медаковиќ-Степинац, хрватска актерка и амбасадор на УНИЦЕФ (модератор на панелот); Ружица Максимовска, уредник на магазинот „Портрет“ (Македонија); д-р Натко Бек, специјалист педијатар и водител на емисијата на ХТВ„д-р Бек“(Хрватска); Лејла Филиповиќ, водителка и модел (Хрватска); Сања Кужет, водителка (Србија), и Јелена Холцер, педагог и автор на програмата „Училиште за родители“ (Србија).

ПАНЕЛ 3: ТАТО Е ХЕРОЈ
Татковството не е должност туку љубов!

Завршниот панел на Првата регионална БЕКУТАН конференција, кој беше посветен на татковците и на нивната посебна улога во текот на растењето и развојот на децата, даде искрени одговори на прашањата за емотивната трансформација во осознавањето на татковската улога, но и цврсти ставови за општо прифатената валоризација на главната улога на мајката.

Учесници на панелот (од лево кон десно): Жарко Димитриоски, водител и модератор на панелот (Македонија); Сашко Коцев, актер (Македонија); Петар Бенчина, актер (Србија); Тарик Филиповиќ, актер и водител (Хрватска)

„Прашањето од типот дали таткото помага е сосема погрешен наратив. Банално е поистоветувањето на грижата за сопственото дете со некаква помош за сопругата. Татковската улога е сосема комплементарна во едно семејно секојдневие“, истакна актерот Петар Бенчина.

Согласни дека цврстата врска меѓу таткото и детето започнува од првиот ден на раѓањето, панелистите низ сопствените искуства говореа за татковската улога во емоционалниот детски развој.

„Во моментот кога станав татко сфатив дека животот се сведува на периодот ‘пред’ и ‘потоа’. Тогаш сфатив и дека ми недостасувале вистински грижи во животот“, истакна актерот и водител Тарик Филиповиќ.

Актерот Сашко Коцев беше дециден дека клучот за здрав родителски пристап е непосредноста во семејните, односно партнерските односи кога е во прашање поделбатана обврските:

„Родителството не е ексел-табела. Спонтаната организација во зависност од обврските на двајцата родители, веројатно, е некаква тајна на успехот. Природно е да ја преземам грижата околу детето кога сопругата има дежурство на работа; исто и таа кога јас сум на снимање. Не требаат потпис и печат за успешно родителство. Напротив!“ изјави Коцев.

Жарко Димитриоски, кој беше и модератор на татковскиот Becutan-панел, низ сопственото искуство на тазе татко, потенцираше дека татковската улога е клучна, особено во првите денови по раѓањето на бебето, кога воедно и се формираат навиките за здраво родителство.

ПР

Македонија

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Објавено пред

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.

-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,  директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Објавено пред

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.

dobivaj vesti na viber

Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.

Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546.

Прикажи повеќе...

Македонија

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.

dobivaj vesti na viber

Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.

Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.

Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.

-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија3 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија5 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет5 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет6 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет7 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет7 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет8 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет11 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија13 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет15 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет16 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет21 час

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет1 ден

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет1 ден

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...