Македонија
Се работи со добавувачите за директна набавка на „трикафта“ по пониска цена, уверува Ковачевски
Пет дена откако соопшти дека парите за набавка на „трикафта“ за најитните пациенти се обезбедени и дека нема да дозволи да почине уште еден пациент со цистична фиброза, премиерот Димитар Ковачевски вели дека се преговара за набавка на лекот. Министерството за здравство, Фондот за здравство и Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести работата на набавка на лекот. Тој не кажа кога најрано би стигнал лекот кај пациентите иако пред пет дена беше згрозен сложените и бирократски процедури. Неговиот одговор денес на прашањето за набавката на „тиркафта“ беше дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени.
„Министерството за здравство и Фондот за здравство заедно со клиниките кои се задолжени за овие пациенти веќе работат со потенцијални добавувачи, а работната група веќе работи на промена на законите со цел да се обезбеди можност за директно купување на лековите од производителот кој произведува патентиран лек. Со тоа лекот ќе може да биде достапен по пониска цена од онаа што ја има во моментов. Еден лек е 330 илјади евра. Дополнително на тоа на состанок што го имав со Асоцијацијата на нашите граѓани кои имаат цистична фиброза, се договоривме да се направи протокол и процедура во однос на лекувањето на сите пациенти кои ја имаат оваа болест. Сметам дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени и дека ќе може и овие пациенти кои што навистина им е потребна помош како и на секој друг пациент да биде овој проблем решен“, рече премиерот Ковачевски.
Во петокот Владата соопшти дека се обезбедени 2,2 милиони евра од буџетот за набавка на „трикафата“ за најитните пациенти откако почина Благојче Илиевски, пациент кој две години се бореше да издејствува лекот да биде донесен кај нас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

