Македонија
Се санираат паднатите плафони во студентскиот дом „Стив Наумов“
Државниот студентски дом изразува жалење за паѓањето на таваните во два тоалета во студентскиот дом „Стив Наумов“ вчеравечер, што предизвика дополнителна материјална штета на санитарната опрема во тоалетите. Во инцидентот немаше повредени.
Вработените од Студентскиот дом веднаш интервенираа, им понудија сместување на студентите чии соби беа оштетени и ја заменија оштетената санитарија. Од утрово ангажирани екипи веќе работат на санација на плафоните во двата тоалета и во текот на денот истите ќе бидат санирани и ставени во функција.
„Паднатиот плафон во студентскиот дом ‘Стив Наумов’ е последица од неквалитетната реконструкција на тоалетите во домот, што е уште еден од низата проблеми кои ги остави претходното раководство. Новото раководство на државниот студентски дом ќе ја разгледа документацијата за извршената преадаптација на тоалетите во студентскиот дом ‘Стив Наумов’, односно ќе разгледа кој ја одобрил и на што се должи нискиот квалитет со кој е изведена”, се наведува во соопштението.
Инаку, со помош на германската влада, државниот студентски дом веќе најави реконструкција на сите студентски домови по приоритетна листа. За оваа намена Министерството за образование и наука веќе има издвоено 30 милиони денари. Државниот студентски дом продолжува посветено да работи за обезбедување подобри услови за студентите.
Плафон од тоалет паднал во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Студент што престојувал во собата во која се наоѓал тоалетот преграден со гипс-картон вели дека ова не е прв ваков случај, а заедно со неговите цимери стравува дека доколку не се реагира, може некој да настрада. Во моментот кога паднал плафонот имало тројца студенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото
Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
На прес-конференција тој тврдеше дека не може да има Влада без двојно мнозинство, повикувајќи се на Рамковниот.
„Охридскиот рамковен доведе до две мнозинства, 61 и мнозинство по Бадентер. Забораваме и размислуваме само за едното мнозинство од 61. Едното секогаш оди со Бадентеровото. Ќе треба време за да ја сфатиме логиката на Охридскиот договор. Рамковниот договор има механизми за заштита на заедниците од надгласување, не е за заштита на мнозинската заедница. Затоа бара покрај 61 и Бадентерово мнозинство. Јалови се сите обиди да се потцени второто мнозинство при било кои избори по 2001 година“, рече Османи.
Тој упати низа обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ, мѓу кои дека секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски интереси, отворено се закнуваат на, како што рече, славното востание од 2001, ги зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници, додека ДУИ гарантираат стабилност и соживот.
Во врска со тоа како ќе настапат во вториот круг од претседателските избори, односно дали и кој од двајцата кандидати ДУИ ќе го поддржат, одлуката ќе биде соопштена во наредните денови.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.