Македонија
Се ситни пратеничката група на ДУИ, двајца пратеници им побегнаа

Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група. Информацијата денеска ја потврди координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, откако вчера Изет Меџити најави формирање ново политичко движење.
Вторaта пратеничка што ја напушти пратеничката група е Мерита Колчи-Коџаџику.
Адеми изрази жалење што преку медиумите биле информирани дека двајцата пратеници го избрале тој пат. Според него, двајцата биле добро третирани од ДУИ, носеле високи позиции и институционална одговорност и имале доверба и дадена одговорност партијата.
Во мнозинството не се менува ништо, вели Адеми, бидејќи без овие пратеници оваа Влада беше изгласана и оваа владина програма беше изгласана. Додаде дека има опозициски политички партии, кои без дилеми и двоумења, ќе гласат за европската перспектива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.