Македонија
Се унапредува едукацијата на полициските службеници: е-обука за претстојните избори
Едукацијата, професионалното и стручното усовршување на полициските службеници како императив сам по себе мора и треба да биде континуиран процес во кој постојан стремеж ќе биде и следењето на сите нови технолошко-образовни стандарди, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Центарот за обука во Идризово, каде што заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, присуствува на промоција на апликација за паметни телефони „Улогата на полицијата за време на избори“.
Спасовски додаде дека сето ова е со една цел – позиционирање на полицијата како реален сервис на граѓаните и силен гарант во остварувањето на сите нивни права и слободи, дефинирани како темелни уставни и општествени вредности“, истакна министерот Оливер Спасовски
„Во соработка со нашите партнери од Мисијата на ОБСЕ во нашата земја и од нивна страна ангажираната компанија се изработи апликација преку која во секое време може да се има точен увид во законската регулатива, а таа ѝ е достапна и на пошироката јавност преку лесно симнување од интернет-страницата на МВР“, рече министерот Спасовски.
Тој појасни дека на овој начин не само што дополнително се скратува времето за обука и се врши соодветно искористување на обучувачките и другите ресурси, туку се овозможува транспарентна е-обука на полициските службеници на начин што и граѓаните ќе бидат запознаени со целосната нејзина содржина.
„Токму овој проект е дел од концептот на е-учење при Центарот за обука на Министерството, што во соработка со Мисијата на ОБСЕ успешно се реализира и унапредува веќе неколку години како незаобиколен дел од системот на образование и обука кај кандидатите за полициски службеници во Центарот“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

