Македонија
(Видео) Силјановска: Доколку сметав дека Конвенцијата е фарса, немаше да се пријавам
По завршувањето на партиската Конвенција во Струга, на која Гордана Силјановска со 408 од 519 гласа беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, таа одговараше на новинарски прашања од кои во едно беше побарано нејзин коментар за тоа дека Конвенцијата е фарса и дека однапред била избрана.
„Јас сум во принцип демократ и се борам за слободно изразување и слободна волја. Не прифаќам лажни избори ако не се демократски. Ако беше така немаше да се пријавам“, одговори професорката.
Посочи дека и е јасно оти доколку немала партија зад себе ќе била, како што рече, политичка манекнка и им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што застанале зад неа како независен кандидат.
Силјановска беше прашана и за тоа дали би прфатила понуда од СДСМ за консензуален претседател.
„Ако ме сакаат за консензуален претседател, не е проблем ќе прифатам. Но, она што тие го протежираат за консензуален, за мене не е исто. Зад Консензуален претседател стојат независни граѓани, а не поеднци и политачари на кои им треба таков профил на кандидат“, одговори таа.
Рече дека не и е проблем да собере и 10.000 потписи и да побара поддршка и од други партии и од невладини организации зошто сака за неа да гласаат како за човек и граѓанин, а не како за некој наметнат политички профил.
Прашана дали ќе се заколне под химната на Република Северна Македонија и дали ќе го прифати ова име на државата, Силјановска вели дека не е политичар, туку професор и дека за тоа прашање има свој став кој е познат во јавноста. Посочи дека доколку нејзивниот став се совпаѓа со партискиот, во тој случај ќе поддржи политичка одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

