Македонија
Симнати од респиратор петтемина пациенти испратени на лекување во Анкара, Турција
Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани, кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно. Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски, доби информација за нивната состојба додека траеше утринската прес-конференција, на која лекарите известуваа за состојбата на пациентите сметени во нашите клиники.
„Само што добив информација од Анкара, таму имаме шестмина пациенти, петмина беа интубирани, сега сите се екстубирани, состојбата им се подобрува“, рече заменик-министерот Андоновски.
Министерот за здравство Арбен Таравари вчераутро извести дека меѓу испратените пациенти на лекување во странство се шестемина во Анкара, Турција. Покрај овие шестмина, на лекување во Истанбул, Турција, се уште тројца повредени во пожарот во Кочани.
До утрово на лекување во странство Министерството за здравство испрати 76 пациенти, а засега дома се лекуваат 89 повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

