Македонија
Симовски: Пописот ќе се спроведува под строги протоколи, нема да ги загрозиме граѓаните

Државниот завод за статистика е комплетно подготвен за претстојниот попис, изјави денеска директорот на ДЗС, Апостол Симовски.
„Уште 10 дена ни остануваат до почетокот на оваа активност. Во тек се обуките на реонските инспектори, а за неколку дена ќе почнат обуките на попишувачите. Денеска завршува конкурсот за попишувачи, речиси 8.000 луѓе аплицираа на конкурсот и сигурни сме дека ќе имаме доволно лица. Благодарност до Владата која понуди доколку некаде нема доволно кадар, ќе се интервенира со ангажман на лицата кои се времено ангажирани во државните институции“, рече тој.
Според Симовски, пописот ќе се спроведува под многу строги протоколи.
„Гарантираме дека до последна точка и запирка ќе ги почитуваме овие протоколи и дека нема да го загрозиме здравјето на ниту еден граѓанин“, изјави тој, но не не прецизираше дали попишувачите ќе бидат вакцинирани против Ковид-19.
„Дали некој е вакциниран или не е небитно, битно е дека ќе ги почитуваме протоколите“, изјави тој.
Пописот треба да почне на 5, а ќе трае до 30 септември годинава. На прашањето што со оние лица кои ќе одбијат да бидат попишани, Симовски рече дека законот е дециден, дека не станува збор за доброволна, туку за задолжителна активност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.
„Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели.
Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд. Апелираме дека сите патници имаат законска обврска да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата“, велат од Царинската управа.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟢𝟧 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар изминатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.09. до 14.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 105 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата“, велат од ДУИ
„Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис на изгорена пластика, гуми и батерии, граѓаните очекуваа информации, препораки и апел за заштита. Но, Меџити не излезе пред јавноста, не презеде мерки, не понуди решение. За него, поважно беше да се појави на партиски активности, како ништо да не се случило.
Парадоксално е што токму Министерството што тој го води е тоа што издава дозволи и има обврска да ги контролира ваквите објекти. Но, Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници во ДУИ.
Наместо да измислуваат внатрешни и надворешни непријатели, оваа Влада и Меџити треба да се соочат со својата одговорност, да ги расчистат случаите на палење пожари и да ја лоцираат одговорноста таму каде што навистина припаѓа – дури и ако тоа е нивната неспособност. Клеветите и неоснованите обвинувања нема да ги спасат од неуспехот.
Ова не е прв пат. Две децении во Чаир тој остави зад себе урбан хаос, загадување и негрижа, се сеќаваше на граѓаните само пред избори. Денес, истиот модел на неодговорност се повторува на државно ниво.
Јавно прашуваме: кој ги подметна пожарите во Битола, Кавадарци, Штип и во други градови низ државата? Зарем и таму виновна е ДУИ? Или тоа е едноставно стилот на Меџити – да бега од одговорност и да мисли само на својот личен интерес“, прашуваат од ДУИ преку писмено соопштение.