Македонија
Синодот на БПЦ ќе ја признае МПЦ, но како Православна црква на Северна Македонија
Светиот синод на Бугарската православна црква под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит на Божиќ ќе го признае томосот со кој Српската православна црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква, но под друго име, објавија некои бугарски медиуми.
Бугарската црковна веб-страница doxologiainfonews.com објави дека Синодот на БПЦ во однос на името Охридска архиепископија смета дека оваа црква треба да се вика Православна црква во Република Северна Македонија.
Бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси ќе го вклучи името на архиепископот охридски Стефан, но како „архиепископ северномакедонски и скопски Стефан“ бидејќи БПЦ не ја признава титулата со која вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во евхаристичка причест архиепископот Стефан и неговата црква.
„Синодот на Бугарската црква не се согласува со името што го дала Српската црква, поконкретно во нејзиниот втор дел – Македонска православна црква – Охридска архиепископија бидејќи ова име, според БПЦ, припаѓало на Бугарската црква, а наследник на Охридската архиепископија, според повелбата на БПЦ, е Бугарската патријаршија. Името што Бугарската црква ќе го користи за Охридската архиепископија е ‘Црква во/на Република Северна Македонија’ или нешто слично за да не се создаде тензија со црквите што зборуваат грчки. Секако, Бугарската патријаршија во своето коминике поконкретно ќе каже со какво име ќе ја нарекува оваа црква, како и составните делови на името.
Одлуката на Светиот синод на Бугарската патријаршија е целосно во духот на руската црковна пропаганда и еклисиолошката ерес во однос на томосот што го дава друга црква. Потсетуваме дека томос за автокефалност може да даде само вселенскиот патријарх. Сите томоси за автокефалност на новите помесни цркви се обезбедени од вселенскиот патријарх. Ако поглаварот на локалната црква дава таков томос, овој томос нема никаква канонска вредност за Православната црква“, објави црковната веб-страница.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити: Во Чаир се реализираат конкретни проекти
Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Денес, како што е соопштено, беше извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и зголемување на безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот.
Работите ќе продолжат со завршната фаза, која опфаќа поставување на јавно осветлување, со што просторот ќе стане побезбеден и пофункционален за сите жители.
„Во Чаир се реализираат конкретни проекти. Реални инвестиции и стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор повеќе кон поразвиена и побезбедна општина,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.
Во продолжение ќе се работи со ист интензитет и на асфалтирање на другите улици предвидени во рамки на овој проект, соопштија од општина Чаир.
Македонија
(Видео) Јакимовски: Ако победев на изборите немаше да броиме 100 дена, туку завршени проекти
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави видео на Фејсбук во кое вели дека доколку победел на локалните избори, немало да брои 100 дена, туку завршени проекти.
„Ако победев на локалните избори, денес немаше да броиме 100 дена. Ќе броевме завршени проекти. Градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1 веќе ќе беше вселена. „Пролет“ кај Канела ќе беше во завршна фаза – а децата на 1 мај ќе влегуваа во нов простор, не во ветувања. Спортската сала во ООУ „Димов Хаџи Димов“? На 8 март ќе сечевме лента. Улиците Петар Чаулев, Козле 3, Софиска, Џумајска, Јуриј Гагарин, Загребска, Атинска, Бранислав Нушиќ, Трифун Бузев – ќе беа завршени. Канализациите во Бардовци и на Ловќенска ќе беа решени. Потпорниот ѕид на Загребска ќе беше безбеден, а не тема за оправдувања. Проектите за катни гаражи во Карпош 1 и Карпош 2 ќе беа готови, со распишани тендери“, вели Јакимовски.
Додава дека не е прашањето во деновите, туку прашањето е во посветеноста.
„Кој знае – прави. Кој не знае – брои. А денот се познава по утрото. Како што почнаа овие 100 дена – така ќе изгледаат и следните 1.000“, вели Јакимовски.
Македонија
Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав
„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на судскиот Совет, со коешто се воспоставуваат реални висини на плати“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.
Стојаноски објасни дека со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите и дека ова законско решение е во согласност со Устав и не може да биде обжалено пред Уставниот суд.
„Со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите, со што се обезбедува национално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија. Ова законско решение е во согласност со Уставот, и е единствено законско решение коешто може да влезе во уставната рамка и потоа да не биде обжалено на Уставниот суд“, рече Стојаноски и додаде:
„Со овие измени одредени позиции се намалуваат коишто се во следниов правец. За пратениците и функционерите во извршната власт ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар, за судиите и јавните обвинители предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да бидат во корелација со реалните економски можности на државата, додека за градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти, зависно од бројот на жители во општините. Доколку овие измени денеска бидат усвоени во Собранието, платите ќе се нивелираат со што значи на сите овие функционери коишто се под овие шест закони, платата ќе се намали од 10 до 13.000 денари“.

