Македонија
„Сите заедно можеме“ достави храна до сите народни кујни во државата
Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ почнува со реализација на нова хуманитарна акција за достава на помош до сите народни кујни во државата.

„Преку оваа хуманитарна акција сакаме да им помогнеме на граѓаните што се најранливи во време на оваа глобална пандемија, но во исто време да им помогнеме да им олесниме и на надлежните институции што се грижат за овие наши сограѓани. Нашата цел е со оваа хуманитарна акција да ги опфатиме сите 49 народни кујни во земјата, кои опслужуваат речиси 3.200 граѓани, на кои оброкот им е неопходен. Веќе се запазени сите законски постапки, извршени се консултации со надлежното Министерство за труд и социјална политика, кое даде прецизни упатства за начинот на доделување на оваа наша хуманитарна донација.

Помошта во храна, компир, зелка, кромид, сол, брашно, месен нарезок, паштета, макарони и слични производи ќе стигне до секоја народна кујна во земјата, во секое населено место, во зависност од бројот на корисници што ги опслужува. Покривајќи ги и трошоците за транспорт, сакаме да ја ослободиме државата од какви било трошоци и затоа оваа наша донација нема да ја чини државата ниту денар. Хуманоста и помагањето се наши водилки, тука сме да им помогнеме на граѓаните сега кога помошта им е неопходна. Само хумани, сплотени, сите заедно, можеме да си помогнеме. Тоа е човечки, тоа е одговорно, тоа е вредно, за сите нас, за целата наша држава“, велат од граѓанското здружение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

