Македонија
Собранието сè уште без предлог за директор на ОТА
Точката за предлог-одлука за избор на директор на Оперативно-техничката агенција – ОТА на денешната Комисијата за избори и именувања беше тргната од дневен ред од причина што сè уште нема договор помеѓу партиите кој да биде новиот директор на Агенцијата. На седницата беше утврден само коефициентот на платата што ќе ја зема идниот директор, а тоа е 4.
Како серозен кандидат за ова место досега се спомнува ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на УБК, Силјан Аврамовски.
ОТА е независен и самостоен државен орган, кој ќе има задача да го активира сигналот и да им овозможи на овластените органи следење на комуникациите и пристап до податоците од комуникациско-информациските системи на операторите. Таа ќе ги координира операторите и службите овластени за следењето и ќе врши надзор врз операторите.
Со новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) преку која ќе се врши следењето на комуникациите ќе раководи директор што ќе го избeрe и разрешува Собранието. Директорот ќе се избира преку јавен оглас, а неговиот мандат ќе трае 5 години без право на реизбор.
Покрај предлогот за директор на ОТА, Комисијата за избори и именување не достави предлог до Собранието ниту за главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

