Македонија
Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и на Џафери

Собранието ќе ја одржи 139. седница, на која се очекува да бидат констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери. На седницата се очекува да биде избран и новиот претседател на законодавниот дом, Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.
Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.
Се очекува Митрески да биде избран за претседател на Собранието. Врз основа на Деловникот, за претседател на Собранието е избран кандидатот што добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По изборот и свечената заклетва, Џафери ќе му ја предаде функцијата на Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Аеродром и Карпош без струја

Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 28.05.2025 година (среда) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Горноврановска, ул. Горно Лисиче, и ул. Божидар Рајковиќ (општина Аеродром)
· од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од с. Горно Нерези (општина Карпош
Македонија
Сиљановска-Давкова во посета на Казахстан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од вчера престојува во работна посета на Република Казахстан каде што денеска ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“.
Во четврток, 29 мај, Сиљановска-Давкова ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев. Свои обраќања ќе имаат и претседателот на Република Руанда, Пол Кагаме; премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим ал Тани; премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ; генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Матијас Корман и поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и актуелен претседател на Собранието и претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, Бан Ки-мун.
Форумот што ќе се одржи на 29 и 30 мај на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања. Меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските и економските промени на глобално ниво.
Македонија
Променливо облачно време со температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд, информира УХРМ.
Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.