Македонија
Советниците на „Левица“ во Град Скопје побараа ревизија во „Водовод“, ЈСП и „Лајка“
Советниците на „Левица“ во Град Скопје поднесоа барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на ревизија во ЈП „Водовод и канализација“, ЈСП „Скопје“ и ЈП „Лајка“.
Од партијата велат дека главните причини за поднесување на ова барање се обезбедување на објективна и реална оценка за тековните состојби и за ефикасноста на работењето на јавните претпријатија и бројните индиции за нерегуларност во досегашното работење.
„ Бројните индиции за нерегуларност во работењето на овие јавни претпријатија и последните финансиски извештаи кои укажуваат на неефикасно и нерентабилно трошење и секако обезбедување на објективна и реална оценка за тековните состојби и за ефикасноста на работењето на јавните претпријатија, се главните причини за поднесување на ова барање на советниците на Левица. Последните ревизорски извештаи за овие ЈП од страна на Државниот завод за ревизија датираат од 2015 година, додека ЈП ‘Лајка’ не постои во базата на сајтот на ДЗР, ниту е познато дали за него досега има направено ревизија. Оттука очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија“, изјави Антонио Димитров, советник во Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

