Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Има разлика помеѓу снег од хациендата на Шилегов во Маврово и снег во Скопје

СДСМ освен со манипулации започна да се служи и со халуцинации. Поминаа повеќе од 20 часа од спектакуларната објава на Шилегов за снежно Скопје. Но по 20-тина часа сè уште ниту трага од снег, ниту една снегулка има во Скопје, соопшти Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.
„Очигледно е дека статусот градоначалникот Шилегов го пишувал од својата раскошна хациенда во Маврово. Но она што е очигледно дека Шилегов ќе потроши над 100 илјади евра за чистење снег што го нема во Скопје. Толку, за жал. ќе чини годишниот тендер.
Додека граѓаните немаат пари за леб, Шилегов ќе троши народни пари за непостоечки снег во Скопје. Шилегов освен што уништува и создава хаос низ Скопје, тој преку тендери си го полни својот џеб на сметка на граѓаните“, обвини Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.
Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација