Македонија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало
Шилегов е најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало, ништо што вети не реализира, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје, откако вчера премиерот Зоран Заев потврди дека Шилегов повторно ќе биде кандидиран за градоначалник на претстојните локални избори.
„Шилегов вети тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, реконструкција на Универзална и многу капитални проекти, ништо од тоа не направи.
Шилегов вети повеќе зеленило, а на терен гледаме сè повеќе исечени дрвја.
Наместо да гради, Шилегов краде.
Со градски пари Шилегов купува противпожарно возило со скала кое е двојно поскапо од исто такво возило купено во Загреб.
Шилегов ја продаде градската куќа за 12 милиони евра, а никој не знае каде се парите, дали се потрошени и на што.
Наместо капитални проекти, Шилегов се расфрла со пари за клупи од тропско дрво.
Нема субвенции за инвертер-клими таму каде што се потребни, но има на места каде што не се користат загадувачки начини на греење по партиски клуч.
Заедно со Богдановиќ, Шилегов ја овозможува бетонизацијата на строгиот центар на Скопје и како најповикан не излезе со став и не се спротивстави.
Шилегов е толку неспособен што единствен капитален проект му е хациендата во Маврово која си ја направи за себе.
Со Шилегов Скопје застана и не се развива. Време е Шилегов да си замине. Време е за Македонија за сите луѓе!“, наведуваат од советничката група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

