Македонија
СОНК и Адеми уште еднаш ќе се обидат да се договорат

Во Министерството за образование денеска треба да се сретнат министерот Арбер Адеми и претставниците на СОНК, за да разговараат за покачувањето на платите на просветните работници. Министерот Адеми вчера го повика членството на СОНК на разговор на, како што рече, последната рунда пријателски и конструктивни преговори.
СОНК вчера соопшти дека го става генералниот штрајк во мирување, по средбата што се одржа зад затворени врати, а на која требаше да се донесе одлука за почнување на генералниот штрајк в понеделник.
„За зголемување на платите од 1.1.2020 година, потребни им се уште неколку дена на министерот и на МОН за, конечно, да се обезбедат средства што ќе ги задоволат нашите барања“, соопшти претседателот на СОНК, Неделков.
На средбата беше и министерот за образование, Арбер Адеми, и рече дека договориле да го стават штрајкот во мирување до добивањето конечна понуда за покачување на платите од МОН.
„Сега дискутираме за покачување на платите од 1 јануари. И за ова поместување, во смисла на моментот од кога ќе се пресметува третото покачување на платите во дејноста образование, секако дека е неопходно да се обезбедат средства. И на тоа работиме“, рече Адеми.
СОНК и Владата досега одржаа три состаноци, на кои се преговараше за зголемување на платите во образованието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.