Македонија
Сончево и ветровито, од утре посвежо со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Наутро ќе биде посвежо. Минималната температура ќе се движи во интервал од еден до 10, а максималната од 20 до 26 степени.
Во Скопје слично време со минимална температура до шест степени и максималната до 24 степени.
Од утре следува период на претежно облачно и значително посвежо време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни в четврток, особено во западните и југозападните делови. Утре и задутре ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.