Македонија
Сончево и топло, попладне со услови за пороен дожд
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/сонцево-топло.jpg)
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен по должина на Повардарието и во западните делови, каде што повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 3 и 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Температурата од 8 до 22 степена.
Преодно стабилизирање ќе има утре, кога времето ќе биде умерено облачно и потопло. Потоа, од сабота до вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во вторник, кога ќе дува засилен северозападен ветер.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Се враќа оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/Koce-Trajanovski.jpg)
Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е, како што додаваат, правецот наназад кон 2016 година.
„ВМРО-ДПМНЕ реши едно од претпријатијата со најголем буџет, Јавното претпријатие за државни патишта, му го довери на Коце Трајановски. Покантно е што градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.
Коце Трајановски е човекот кој во својата најтесна фамилија е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупиција која се подготвува во ова претпријатие“, велат од СДСМ.
Додаваат дека нема поголема потврда како планира да работи ВМРО-ДПМНЕ од оваа одлука со која рехабилитираат функционери кои нанеле државна штета од преку 700 милиони евра.
Граѓаните, според СДСМ, не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.
Македонија
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/koce-trajanovski.jpg)
Коце Трајановски е назначен од Владата за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Трајановски доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми.
Трајановски е поранешен градоначалник на Скопје и Општина Гази Баба.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/339277028_1312557535968805_6452318681591516031_n.jpg)
Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.
„Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.
Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста“, стои во соопштението.