Македонија
Сончево со температура до 18 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Преку денот ќе има зголемување на облачноста. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Скопје
Делови од општина Карпош денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.
· во пеиодот од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во село Горно Нерези во општина Карпош.
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата Ринхини и улицата Езерци – населба Влае во општина Карпош.
Македонија
Силјановска-Давкова: Грозоморен напад врз словачкиот премиер, се молиме за негово здравје
Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше на веста за атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Бев длабоко шокирана кога ја слушнав веста за грозоморниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Се молиме за негово здравје и брзо закрепнување! Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка“, напиша Силјановска Давкова.
I was deeply shocked to hear the news of the heinous attack against the Slovak Prime Minister Robert Fico. We pray for his health and swift recovery! Our thoughts are with his family and the people of Slovakia.
— Гордана Силјановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) May 15, 2024
Словачкиот премиер Роберт Фицо е затрелан по владин состанок, околу 150 километри североисточно од Братислава.
Обидот за атентат се случил кога Фицо отишол меѓу насобраните луѓе.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со два до три куршуми во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.
Напаѓачот е уапсен на самото место.
Словачките медиуми јавуваат дека состојбата му е многу тешка и ќе биде опериран.