Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, стопирано движењето кај Башино Село
Од утринава, забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и Гостивар – Стража се укинати, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, а на одредени делови на патиштата се присутни влажни коловози.
Исто така, од Авто мото сојузот потсетуваат дека од вчера сообраќајот е во целосен прекин во близина на Башино Село, кај мостот, и дека овој прекин ќе трае подолг временски период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ
„Поради неисчистени патишта од страна на државното претпријатие Македонија пат и задоцнета реакција на СВР Тетово бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово“, соопшти СДСМ.
„Само пред неколку дена се случи хаос и на патот Тетово – Попова Шапка. Како што падна првиот снег патиштата ширум државата останаа целосно неисчистени а граѓаните се оставени сами на себе. Патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, граѓаните беа во целосна изолација.
Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија пат и МВР целосно потфрлија, ништо не функционира, ниту снегот се чисти од патиштата, ниту полицијата превенира, ни пак го регулира сообраќајот на соодветен начин.
Владата на ДПМНЕ и Мицкоски покажува епска неспособност и ги доведува граѓаните во сериозен ризик“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Преминуваме во дела, 2025 година со повисоки пензии, велат од ВЛЕН
„Ние, коалицијата ВЛЕН како дел од Владата, направивме важен чекор кон подобрување на благосостојбата на пензионерите, одлучувајќи за значително зголемување на пензиите од 5.000 денари од март. Ова зголемување, овозможено со законските измени од септември 2024 година, ја одразува нашата посветеност да гарантираме подостоинствен и посигурен живот за пензионерите. Оваа одлука ја отсликува нашата посветеност да се грижиме за оние кои во текот на нивниот активен ангажман дале вреден придонес за нашето општество и економија кои го потрошиле својот потенцијал и енергија без да штедат ништо да дадат многу“, соопшти ВЛЕН.
„Овој чекор доаѓа како резултат на континуираното слушање на барањата на пензионерите и посветеноста на Владата да излезе во пресрет на нивните потреби.
ВЛЕН е свесна и одблиску информирана за економските предизвици со кои се соочуваат пензионерите и затоа е искрено посветен и со висока одговорност дека од никој од нашите пензионери не треба да се двоуми да ги користи пензиските пари за купување лекови или храна. Затоа ги зголемивме пензиите за да бидат доволни и за храна и залекови.
Потсетуваме дека зголемувањето на пензиите е дел од широкиот владин план за зголемување на животниот стандард за сите социјални категории, особено за оние во почувствителни економски ситуации. Оваа посветеност и ветување ја имавме за време на изборната кампања.
ВЛЕН ги уверува граѓаните дека ќе продолжиме посветено да работиме да ги слушаме барањата на пензионерите и да понудиме конкретни решенија кои го подобруваат квалитетот на нивниот живот.
Воедно, им благодариме на сите граѓани за континуираната доверба и соработка и ги повикуваме сите заинтересирани да дадат свои предлози за натамошно подобрување на социјалните политики.
ВЛЕН посветен на граѓанинот. ВЛЕН е посветен на исполнување на ветувањата без никаков компромис!“, се додава во соопштението на ВЛЕН.
Македонија
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и Тетово, -3 во Крива Паланка, Штип и Струмица, -2 во Велес, Битола и Демир Капија, -1 во Кавадарци, Прилеп и Виница, 0 во Попова Шапка, Претор и Охрид, 1 во Крушево и Маврови Анови, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 48 сантиметри во Попова Шапка и 42 во Маврови Анови.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Малку до умерено облачно, а утрово по одделни котлини има појава на слаба магла и ниска облачност. Во западните делови, дуваше умерен, на планините повремено засилен ветер од југозападен правец.
Времето денеска
Претпладне студено со појава на слаба магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, наместа умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла, преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.