Македонија
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола, пристигна помош од Турција
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Охрид, во врска со пожарите во земјата изјави дека следните два дена ситуацијата ќе биде целосно под контрола и во моментот помош е пристигната од Турција, а се чека и од Србија, Црна Гора и Словенија.
„За разлика од претходната влада и како до сега кога кога користеле алтернативни методи на повикување дожд и слично за да се справат со пожарите, сега оваа Влада веднаш по доаѓањето, видовте, двајцата министри се упатија веднаш на самото место заедно со директорот на ЦУК, Ангелов, да работат на смирување на огнената стихија. Веднаш побаравме и дел од таа поддршка е пристигната, од Турција се пристигнати два авиона и еден хеликоптер“, истакна премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека авионите веќе работат на смирување на огнената стихија во атарот на општина Ново Село, а хеликоптерот сега се упатува во неготинскиот крај на планината Серта.
„Бидејќи станува збор за непристапни региони, во моментот друга поддршка, освен авионска, не е потребна. Очекуваме помош и поддршка од Србија, Црна Гора, Словенија и цениме дека следните два дена пожарот ќе биде ставен под контрола. Да бидат спокојни граѓаните, ја контролираме целосно ситуацијата, денеска имаме засилување со авиони, кои ќе може, особено во Ново Село, да црпат ресурси, вода од Дојранското Езеро. Имаме план, во текот на утрешниот ден и задутре работата ќе биде целосно под контрола“, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

