Македонија
Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (одржан онлајн од 2 до 7 јуни).
Фестивалот “SEE à Paris” традиционално се организира секоја година од страна на INALCO Paris-Cite-Sorbonne и Humboldt универзитетот од Берлин, во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима.
Признанието на Лазаров е за лидерство во економијата и развојот, во интеграцијата на балканските земји во поширокото европско семејство и претставува круна на повеќегодишниот ангажман на младиот македонски бизнисмен во интензивирање и еманципација за новите технолошки стандарди, кои ги прават балканските институции компетитивни на светскиот пазар.
Наградата беше презентирана од Фредерик Фапани фон Лотринген од фондацијата „Ротшилд“ во име на Советот на фестивалот, а на посебна свеченост ќе му ја предаде претседателот на фестивалот, амбасадорот Јордан Плевнеш.
Во продолжение погледнете го и видео обраќањето на г. Кирил Лазаров” на линкот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити на Конференција за обнова на Украина: Северна Македонија со поддршка на украинскиот територијален интегритет

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествува на Конференцијата за обнова на Украина 2025 (Ukraine Recovery Conference 2025 – URC 2025), која се одржува во Рим, Италија.
Станува збор за четвртата по ред голема меѓународна конференција посветена на закрепнувањето и долгорочната обнова на Украина. Настанот е коорганизиран од владите на Италија и на Украина. Целта е мобилизација на владини, финансиски и приватни ресурси за поддршка за реконструкција на земјата погодена од војната.
Во Рим, вицепремиерот Меџити го повторил цврстиот став на Република Северна Македонија во поддршка на украинскиот територијален интегритет, како и подготвеноста да придонесе во процесот на обнова.
URC 2025 е продолжение на годишната серија високи политички форуми што од 2022 година обединуваат влади, меѓународни финансиски институции и стопански комори околу визијата за „брз, одржлив и европски пат на закрепнување на Украина“.
„Присуството на Северна Македонија на највисоко ниво уште еднаш покажува дека нашата држава останува доследен поддржувач на Украина и активен учесник во зацврстувањето на европската солидарност и партнерството со НАТО и ЕУ“, соопштија од Кабинетот на Меџити.
Македонија
Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.
„Прво, еден комисиски амандман, ќе побараме Комисијата за финансирани буџет да го прифати, а кој што ќе се однесува за последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за кој што ќе обезбедиме средства и за посебното законско решение за обесштетување на семејството на починатите, меѓутоа и за сите коишто се повредени од овој пожар. И вториот амандман кој што ќе го побараме, е да донесеме, односно да се прифати, амандман со кој што ќе одделиме финансиски средства, а за јакнење на капацитетите за справување со пожари“, рече Спасовски.
При тоа Спасовски посочи дека не може да има никакви оправдувања во однос на тоа дека има недостаток на пожарникари, недостаток на финансиски средства, недостаток на опрема.
„Ние сметаме дека државата, односно парламентот, ја има таа можност, меѓутоа ја има и обврска пред граѓаните преку определување на финансиските средства, пред сè да се обезбедат средства за вработување на пожарникари коишто токму за вакви моменти ќе се најдат на државата и на граѓаните. Второ, за зголемување на платите на пожарникарите во државата, заради тоа што не може и не смее државата да се сеќава на оваа категорија на работници, само во моменти кога имаме криза и кога тие се справуваат со таа криза“, рече Спасовски, додавајќи дека државата треба да помогне и во делот на финансиски средства за обесштетување, заради тоа што во пожарите има изгорени куќи, викенд куќи, фабрики.
„Еве ова се нашите две теми за коишто сметаме дека може да се постигне единство, може да се постигне консензус, и токму таа порака на соработка на единство и на консензус може да се покаже во овие моменти во кои што не треба да има различни погледи, не треба да има никакви поделби по ниту политичка, ниту било каква друга основа, туку напротив, да покажеме на граѓаните дека сме заедно, сплотени, единствени и таквата порака на соработка да ја покажеме токму во моменти кога најмногу е потребно за граѓаните на Македонија“, порача Спасовски.
Тој истакна дека ребаланост на Буџетот е нереален, и популистички и дека е буџет кој што предвидува повеќе средства отколку што за тоа има економска активност. СДСМ имаше над 160 амандмани во вредност од околу 11 милијарди денари.
Македонија
ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на ЕП за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) го поздравува вчерашното усвојување на извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија.
Според нив, овој извештај претставува значајно охрабрување за македонскиот народ и за сите граѓани на државата, без разлика на етничката припадност, да продолжат посветено кон создавање на либерална, демократска, функционална, праведна и просперитетна европска држава.
„Нивната посветеност на реформите и европскиот пат заслужува поддршка, и ЛИБСЕЕН изразува целосна солидарност со нивните аспирации за посветла иднина во рамките на европското семејство“, пишува во соопштението.
Сепак, ЛИБСЕЕН ја изразува својата длабока загриженост што Европскиот парламент, во одредени моменти, станува, како што велат, заложник на неприфатлива дебата поврзана со македонскиот идентитет, јазик и култура.
„Овие теми не смеат да бидат предмет на расправа – тие се непобитни факти и жива реалност кои се развивале со векови во самото срце на Балканскиот полуостров. Цврсто веруваме дека богатството на идентитети и култури во регионот треба да се почитува и слави, а не да се доведува во прашање или поткопува. Вистинската европска интеграција се темели на меѓусебна почит и признавање на суверените реалности. Ги повикуваме сите страни да се фокусираат на иднината, да ги негуваат демократските вредности и да работат конструктивно кон целосно членство на Северна Македонија во Европската Унија, ослободени од делбени и анахрони дебати,“ изјави амбасадорот Бернард Никај, генерален секретар на ЛИБСЕЕН.
Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) ги обединува либералните политички партии во регионот и дава придонес за развојот на регионот преку спроведување на либерални политики во политичките системи на земјите од Југоисточна Европа. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, заедно со својот тим претседава со ЛИБСЕЕН во наредните 4 години.