Македонија
Соработка со Хрватската народна банка како дел од Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан
Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, насочена кон исполнувањето на критериумите и условите за интеграција во Европскиот систем на централните банки (ЕСЦБ), Народната банка ја оствари билатералната мерка за запознавање со правилата на Европската централна банка за сметководствено евидентирање и финансиско известување на ЕСЦБ.
Првата експертска мисија за билатералната мерка, што се одржа во периодот од 4 до 6 октомври 2023 година, беше водена од двајца експерти од Хрватската народна банка. Главната цел на мисијата е да се сподели и да се продлабочи знаењето на експертите од НБРСМ за потребните подготвителни активности за воведувањето на сметководствените политики во согласност со правилата за сметководствени политики на ЕЦБ (ECB Accounting Guideline), да се разгледаат практичните примери за спроведување на сметководствените политики и предизвиците во финансиското известување од влезот во Европската Унија.
Беа обработени повеќе области, меѓу кои: сметководствената евиденција и системот на финансиско известување во Хрватската народна банка, законските решенија поврзани со капиталот и резервите, вреднувањето на позициите од билансите и нивна презентација во согласност со сметководствените правила на Европската централна банка и разликите во однос на Меѓународните стандарди за финансиско известување – МСФИ, развивањето софтверски решенија, како и процесот на паралелно водење на сметководството на двата начина и известувањето во периодот пред приклучувањето на Хрватската народна банка во евросистемот.
Стекнатите сознанија од соработката со експертите на Хрватската народна банка, кои безрезервно ги споделија своите знаења, искуство и воспоставените практики, се од големо значење за НБРСМ во процесот на спроведување на подготвителните активности за примена на правилата за сметководствени политики на ЕЦБ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





