Македонија
Одреден старател на претепаното бебе, полицијата го истражува случајот

Се стабилизира состојбата на 14-месечното бебе, кое викендов беше примено на КАРИЛ со крвавење во мозокот и тешки скршеници на коските на нозете. Од таму велат дека детето почнало само да дише и да се храни, а ако добро напредува во следните 24 часа, ќе биде префрлено на Детската клиника. Нозете на детето ќе бидат ставени во лонгета, а лекарите ги третираат и старите повреди што ги забележале на телото.
Полицијата истражува што се случило со детето, а случајот го презеде и Министерството за труд и социјала, од каде што велат дека се преземени сите мерки за заштита на детето додека трае истрагата. Неофицијално, на детето му е одреден старател, а социјалните служби не дозволуваат контакт на роднините со девојчето.
Неофицијално, жената и нејзиното бебе ги претепале неколку роднини на нејзиниот сопруг, кој е во затвор.
Пред два дена 20-годишната К.М. била примена на Ургентниот центар со видливи повреди со својата едногодишна ќерка која имала тешки телесни повреди. Мајката давала различни и контрадикторни изјави за тоа што се случило, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.