Македонија
Сојузот на средношколците ги повикува пратениците да покажат јасна и вистинска поддршка за учениците

На 13 март Сојузот на средношколците на Република Северна Македонија (ССРСМ) достави предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за средното образование до Собранието во поглед на потребата од праведен и бесплатен јавен превоз за сите средношколци. На тогашниот прес-брифинг беше кажано дека ако предлог-законот за превоз не се донесе во рок од најмногу 2 месеца, односно до 13 мај, Сојузот на средношколците ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за судот да ја оцени уставноста на сегашните одредби.
„Денес, изминува точно еден месец од доставувањето на предлогот и токму затоа ги повикуваме сите пратеници во Собранието јасно да покажат дека навистина ги поддржуваат средношколците, со што овој предлог ќе го внесат во собраниска процедура и ќе гласаат афирмативно за него.
Средношколците законот го доставија до претседателот на Собранието, координаторите на сите пратенички групи (ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата; коалицијата „Можеме“; ДУИ; Алијансата за Албанците), Клубот на младите пратеници и Комисијата за образование, наука и спорт. На 17 март Сојузот на средношколците доби известување од претседателот на Собранието дека текстот е доставен до сите пратеници.
Бидејќи станува збор за кратки и несложени измени, Сојузот смета дека пратениците имале доволно време да го разгледаат предлог законскиот текст и да изградат сопствен став по него. Потсетуваме дека сегашниот текст е производ на повеќе средби и разговори, така што некои од пратениците веќе имаат и претходно познавање на проблематиката. Оттука, предлогот е компромисен и консензуален. Очекувајќи предложените законски измени да добијат поддршка од сите пратеници и да бидат донесени по скратена постапка, Сојузот ги повикува координаторите на пратеничките групи и матичните тела да стапат во контакт со нас што побргу.
Во целокупното постоење на македонската парламентарна демократија сведочиме дека Собранието, доколку постои политичка волја, може мошне брзо и ефикасно да донесе нови закони или законски измени. Верувајќи дека интересот на средношколците е интерес на државата, ги повикуваме пратениците да ги донесат предложените измени од страна на Сојузот, велат од Сојузот на средношколците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.
Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.