Македонија
Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија
Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура и е позитивна на коронавирусот.
Министерот Венко Филипче истакна дека во изминатите два дена медицинската сестра работела со заштитна опрема, но интервјуирани се нејзините колеги со кои имала контакт.
„И една медицинска сестра од Куманово, која е на работно место на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, без никакви симптоми дошла на работа во понеделникот. Вчера, почувствувала зголемена телесна температура, земен е брис и е позитивна на вирусот. Во изминативе два дена на Клиниката била со целосна заштитна опрема и маска и ракавици. Направени се интервјуа со колегите, медицинските сестри и ќе се постапи во согласност со податоците“, нагласи тој.
Четворица вработени во штипската болница, пак, ќе бидат во самоизолација бидејќи биле во контакт со пациентка на возраст од 80 години, која е позитивна на коронавирусот.
„Има пациентка од Штип, која таму била примена првпат на 26 март, првиот брис ѝ е негативен и тогаш е пратена на консултација и е вратена назад од Скопје. Пациентката има 80 години, се лекувала на одделението за инфективни болести, меѓутоа има влошување на состојбата. На 30 март повторно е упатена на Инфективната клиника. Тестот е позитивен, а како претпазливост четири медицински лица ќе бидат во самоизолација, тие се асимптоматски. Направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат во штипската болница, на одделението за инфективни болести, за да се надомести персоналот што ќе биде во самоизолација“, посочи министерот Венко Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

