Македонија
„Со новиот предлог-закон за измени во спортот 25 отсто од ваучерот ќе им се исплаќа на странци“, велат од партијата Левица
„Спортистите и спортските клубови очекуваа правични измени во Законот за спортот по повод ваучер-системот, кои беа најавени, а за возврат добија небулозни нови измени, што ги предложи министерот за правда до Собранието на Македонија, во кои се предвидени 25 % од средствата што ќе се дадат преку ваучерот да може да им се дадат на странци!“, велат од партијата Левица.
„До Левицата пристигаат информации дека средствата што се даваат на годишно ниво преку ваучерот за македонските спортски субјекти воопшто не се доволни за настап на сите натпреварувања што се предвидени на годишно ниво.
Ова е голем удар за македонските спортисти и за спортските клубови бидејќи доколку раководството на клубот одлучи дел од средствата да ги даде на спортист странец, тоа сега ќе може да го направи со овие законски измени!
Со ваквите измени воопшто не се поддржува националниот спорт, напротив, тој системски се уништува и наместо да се вложува во државни тимови и индивидуалци, им се дава предност на странски спортисти!!
Левицата е апсолутно против овие законски измени и ќе се залага за укинување на овие паушални измени, кои се донесени на штета на македонскиот спорт“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

