Македонија
Со ребалансот на буџетот на Општина Ѓорче Петров обезбедени нови 31.547.450,00 денари за капитални инвестиции
На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, мнозинството советници го усвои ребалансот на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2024 година.
Со овој ребаланс, буџетот се проширува за приближно 69.000.000,00 денари со што се обезбедуваат повеќе средства за граѓаните, како и за инфраструктурни и капитални проекти со кои се подобруваат условите за живот во нашата општина.
Предвидени се 5.300.000,00 денари за тековно одржување на улици и патишта, 4.000.000,00 денари за инвестиции во улично осветлување, 2.000.000,00 денари за реконструкција на азбестен кров во ООУ “Страшо Пинџур” и 3.000.000,00 за чистење и одржување на каналите за наводнување;
Воедно и дополнителни 4.000.000,00 денари за рехабилитација на улици и патишта, 3.000.000,00 денари за проектирање и планирање на нови капитални проекти, 10.000.000,00 денари за изградба и реконструкција на спортски и детски игралишта, 7.000.000,00 денари за набавка на софтвер за пресметка на даноци и ГИС софтвер за дигитализација на постапката за добивање на потребните информации за извод од план, со цел граѓаните да можат сами по електронски пат да извршат увид во состојбата на нивните парцели.
Во соопштението од оваа локална самоуправа се наведува дека целта на овие средства е во иднина да продолжиме со грижата за граѓаните и, како што велат оттаму, да создадеме услови за подобар и достоинствен живот.
– Доаѓа период на многу работа и реализирани проекти. Граѓаните може да очекуваат реализација на проекти низ целата територија на нашата општина, соопштија од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

