Македонија
Спасовски: Балканското „буре барут“ мора да остане во историјата
Република Северна Македонија, која како држава веќе застана рамо до рамо со сите членки на најмоќната воено-политичка алијанса на светот, со што ги исполни 50% од стратешките планови, подготвено очекува да почне со старт на преговорите за ЕУ и отворање на поглавјата за да ги заокружиме и останатите 50%, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во неговото обраќање на Меѓународната научна конференција на тема: „Евро-атланските вредности во балканските земји“.
„Заедничките евро-атлански вредности претставуваат основен сегмент и суштински двигател на меѓусебно приближување на државите од Балканскиот Регион и надминување на сите бариери, од кои дел беа проследени со конфликти и несогласувања во минатото. Балканското ‘буре барут’, како што многумина го нарекуваа, мора да остане во историјата, а сите земји во регионот посветено да се сосредоточиме кон заедничките вредности и цели насочени на превенирање на конфликтите, одржување на мирот и стабилноста, владеење на правото без исклучок со почитување на меѓународното право, заштита на човековите права и слободи и мирно решавање на сите спорови и недоразбирања, за што последниов период Република Северна Македонија претставува вистински пример. Само така можеме да обезбедиме гаранција за просперитетот, одржливоста и стабилноста на државите.
Паралелно со овие процеси мора да ги споменеме и предизвиците од поново време со кои се соочуваме како држави, а тоа се: организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и кибернападите, лажните вести и, секако, насилниот екстремизам и тероризам, пандемијата „Ковид-19“. За справување со овие современи предизвици е неопходен е современ, регионален пристап, заедничка стратегија и конкретни мерки за делување.
Република Северна Македонија на 27 март годинава конечно ја оствари својата прва стратешка цел. Со потпишувањето на Протоколот за пристапување кон алијансата од страна на сите 29 држави сојузници и исполнување на сите обврски, по период од 27 години, станавме полноправна членка на НАТО.
Во период од две и пол години посветена работа ги реализиравме препораките од групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите. Токму во таа насока е формирана Оперативно-техничката агенција, која почна со работа на 1.11.2018 година, како независен државен орган за следење на комуникациите и овозможување пристап до податоци на органите овластени за следење на комуникациите. Непосредно по ова, на 20.11.2018 од страна на Владата беше усвоен предложениот Модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем, со кој Управата за безбедност и контраразузнавање беше одделена од МВР. Тоа значеше реформирање во посебна агенција, под ингеренции на Владата, со јасно дефинирани цели и задачи.
За таа цел беше изготвен и усвоен нов Закон за Агенцијата за национална безбедност, која почна со работа на 1.9.2019. Воедно, на овој начин ги надминавме и констатираните недоследности кои беа утврдени во претходните извештаи на Европската комисија за нашата држава. Во исто време работевме на изготвување на уште едно законско решение за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, со цел да се уреди поставеноста и надлежноста помеѓу безбедносно разузнавачките служби. Во овој Закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, кој беше изгласан со двотретинско мнозинство на 99. седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 22 мај 2019, се предвиде формирање на посебно тело за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Притоа, беше утврден прецизен делокруг на работење, состав, начин на работа и донесување одлуки, со цел спроведување ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Воедно, во континуитет се одржуваат работни средби на сите нивоа со претставници на НАТО-алијансата за зајакнување на соработката и имплементација на насоките.
Еден од следните планирани процеси во МВР е ветингот, кој ќе се спроведува врз основа на строго утврдени правила и критериуми, а ќе ги опфати сите вработени во МВР.
Министерството за внатрешни работи активно ќе се вклучи и во отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ, поточно Поглавјата 23 и 24 каде, како и досега, ќе биде неопходна брза и ефективна имплементација на неопходните реформи, особено во сферата на организираниот криминал и високата корупција“, порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.
Македонија
Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

