Македонија
Спасовски-Брнз: Завршните чинови за членство во НАТО и одлуката за преговори со ЕУ се признание за остварувањата на реформите
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, ја прими амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Мери Брнз, која на средбата ги пренесе честитките на нејзината земја за позитивната одлука на Брисел за почеток на преговорите за членство во ЕУ и за скорешно добивање полноправно членство во НАТО.
Одлуката на ЕУ и завршните чинови за полноправно членство во НАТО, рече на средбата амбасадорката Брнз, доаѓаат во многу тешки моменти за сите, но ја покажува посветеност на земјата да истрае во остварувањето на евро-атлантските аспирации и ја потврдува искрената и силна поддршка што на Република Северна Македонија ѝ ја даваат САД и ЕУ. Евро-атлантското интегрирање на Северна Македонија е од стратешка важност за САД и ЕУ и ќе овозможи да имаме уште поблиска соработка како сојузници во НАТО.
Премиерот Спасовски на средбата се заблагодари за честитките и истакна дека тоа се долго очекувани остварувања на две стратешки прашања, кои, иако пристигнаа во тешко време, се признание за остварувањата на земјата, особено во последните три години и дека им донесоа радост и задоволство на граѓаните на Северна Македонија.
„Двете одлуки се многу добра порака за сите во државата, но и за целиот регион. Се покажува дека тешките одлуки и важните реформи се почитуваат и вреднуваат. Беше потребна храброст и политичка визија за да се постигнат овие резултати. Владата предводена од Заев навистина за многу краток период успеа да ги реши проблемите со соседите и да направи значајни домашни демократски реформи“, рече претседателот на Владата Спасовски.
На средбата со амбасадорката Брнз премиерот Спасовски ја изрази неговата, како и благодарноста на Владата и на граѓаните на земјата за сета голема поддршка на САД во двата процеса.
„Сега имаме јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава, подготвени сме да ги преземе обврските како полноправна членка на НАТО. Се спремаме за преговори со ЕУ, сакаме да бидеме успешни и брзи. Преговорите се шанса да ги донесеме европските вредности дома и да ги реформираме нашите институции, што е од корист на сите граѓани“, истакна на средбата премиерот Спасовски.
На средбата стана збор и за менаџирањето на ситуацијата со коронавирусот. Премиерот Спасовски рече дека Владата е во постојано заседание на таа тема и ги презема сите неопходни и максимални напори, меѓу кои најголем приоритет е поддршката и зајакнување на здравствениот систем, за да се зачува здравјето и животот на граѓаните.
Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, од своја страна на средбата упати честитки за тоа како Владата се справува со коронавирусот. Ја истакна комуникацијата на Владата за сите активности и мерки на оваа тема, како и транспарентноста и инклузивноста на донесување одлуки.
Во таа насока, премиерот Спасовски нагласи дека воведувањето на вонредната состојба ѝ даде можност на Владата за поголема флексибилност и можности за креирање решенија и донесе поголема дисциплина во администрацијата и кај населението.
Истовремено, рече премиерот Спасовски, Владата е целосно посветена на обезбедување поддршка за економијата и намалување на штетните економски ефекти од пандемијата. Се прават рестрикции и намалувања на сите непродуктивни трошоци во јавниот сектор и ќе се даде голем пакет мерки за поддршка на приватниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

