Македонија
Спасовски дарува крвна плазма за болните од Ковид-19
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку својот фејсбук-профил информира дека денеска дарувал крвна плазма за пациентите болни од Ковид-19.
„Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19. Ги охрабрувам сите што закрепнале од Ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма за да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој што се бори против коронавирусот“, напиша Спасовски на својот фејсбук-профил.
Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19.
Ги охрабрувам…
Posted by Oliver Spasovski on Понеделник, 29 март 2021
Спасовски објави дека е позитивен на Ковид-19 кон крајот на октомври минатата година по што беше и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести поради висока температура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во вториот круг 19.287 неважечки ливчиња, само во Скопје над 10.000
Во вториот круг од локалните избори што се одржа вчера во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња или околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња.
Само во Град Скопје се евидентирани 10.528 неважечки ливчиња. За градоначалник на главниот град гласале 167.575 гласачи,. Вкупен број на важечки гласачки ливчиња е 157.047.
Излезноста во Скопје во вториот круг изнесуваше 35,33 проценти, а на ниво на сите општини во кои имаше втор круг таа беше 47,16 проценти.
Македонија
Временска најава: Од попладне дожд, грмежи и северен ветер
Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 15л/м2) и ќе има услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР.
Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер (над 60км/ч.), а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Во Скопје, кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Утре без вода делови од Центар
Дел од корисниците на општина Центар утре ќе останат без вода.
„Поради промена на шибер во шахта на ул.Тасино Чешмиче бб (Градинка Кочо Рацин), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Тасино Чешмиче од 09:00 часот до завршување (општина Центар) и поради уличен дефект ф 200 мм на Бул.Партизански Одреди спроти Соборен Храм (Паркинг ЈАТ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул.Максим Горки до Бул.Партизански Одреди и дел од Бул.Партизански Одреди од 09:00 часот до завршување“, соопшти Центарот за управување со кризи.

