Македонија
Спасовски да го уапси Бектеши поради саботажа врз Владата и државата, бараат од Единствена Македонија
Од Единствена Македонија го повикаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го уапси министерот за економија Крешник Бектеши за, како што велат, опасната саботажа против Владата и државата.
„Поминаа два дена од скандалозното признание на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, дека министерот за економија, Крешник Бектеши, ги лажел во Владата во врска со рудникот ‘Иловица-Штука’ во Струмичкиот Регион.
Министерот Бектеши со ваквото противзаконско дејство смислено го попречил и го довел во опасност правилното работење на Владата. Ова е класична саботажа од министерот Бектеши против Владата и државата“, изјави Јакимовски.
Според него, изненадува однесувањето на министрите Спасовски и Петровска, кои, како што рече, плачат во медиумите дека министерот Бектеши ги лажел во Владата наместо да постапат во согласност со своите уставни и законски овластувања.
„Дотолку повеќе, Спасовски и Петровска не се какви било министри, туку министри на луѓето во униформа, на полицијата и војската, кои треба да го штитат редот и поредокот во државата. Цела Македонија гледа дека министерот Бектеши ја лажел Владата за рудникот. Народот чека акција, а од министерот на полицијата Спасовски – молк.
Затоа, го повикуваме Спасовски веднаш да реагира и да го уапси Бектеши за опасната саботажа против Владата и државата бидејќи само со плачање на Спасовски во медиумите може да настапат тешко отстранливи последици врз Републиката“, порача Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

