Македонија
(Видео) Спасовски: Знаеме со кого се среќавал Груевски, но други факти се поважни од тоа
Добиваме информации со кого се среќава Груевски, но сметаме дека други факти се поважни од тоа, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, запрашан за бегството на поранешнниот премиер во Унгарија.
„Добиваме разни инфорамции за многу аспекти, мислам дека други факти се многу поважни од тоа дали некој таму го посетува во однос на целиот тој случај, но секако дека добиваме такви информации“, рече министерот.
Запрашан дали тој има одговорност за бегството на Груевски, Спасовски исто така посочи дека МВР нема никаков пропуст.
„Одговорноста треба да ја утврдат надлежните органи. МВР нема ниеден пропуст во овој случај ниту, пак, во некој друг. Доколку нема одлуки на Обвинителството, односно судот, да се одредуваат некои мерки за заштита и безбедност, МВР не може да презема никакви мерки“, рече тој.
Груевски во ноември минатата година избега во Унгарија, каде што доби политички азил. Тој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра. Македонските власти побараа негова екстрадиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

