Македонија
Спасовски: Извештајот на ЕК е феноменален, очекувам бргу да ги почнеме преговорите
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, смета дека извештајот на Европската комисија е феноменален бидејќи се потврдени напорите на Северна Македонија во спроведувањето на реформите. Извештајот е фокусиран на судските реформи, судењата на висока корупција заедно со случајот со СЈО, безбедносните и реформите во јавната администрација. Токму овој извештај е основата врз која земјите членки на ЕУ ќе одлучат дали ќе одобрат почеток на пристапните преговори.
„Извештајот на Европската комисија е феноменален, како на друг начин да го искоментирам. Ги потврдува напорите на Владата, каде што децидно стои дека се зајакнати напорите во спроведувањето на реформите. Дадени се најпозитивни оценки за Северна Македонија. Преземени се сите мерки што требаше да бидат преземени во реформскиот процес и очекувам што побргу да ги почнеме преговорите со Европската Унија“, смета Спасовски.
Според него, по педесет години транзиција, очекува граѓаните да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почеток на преговорите со Европската Унија.
„Денеска, кога сите земји членки на ЕУ укажуваат дека е направено сè што треба да биде направено, логично е да очекувам да ги почнеме проговорите со ЕУ“, додава Спасовски.
Документот од Европската комисија заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да почне преговори со Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Возете внимателно, можни се одрони, предупредува АМСМ
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива без поголеми пречки. На граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат надлежните служби.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Како критични делници се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат дополнително претпазливи поради конфигурацијата на теренот и можните нестабилности.
АМСМ потсетува дека внимателното возење и навременото прилагодување на условите на патот се клучни за безбедно патување, особено во зимски услови и при променливо време. Се препорачува редовно информирање за состојбата на патиштата пред поаѓање на пат.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

