Македонија
(Видео) Спасовски: И во Македонија се води истрага за компанијата „Беса транс“
Без информации колку лица се повикани на распит и колку се приведени, Оливер Спасовски кажа дека и во Македонија се води истрага за „Беса транс“ и сопственикот. Тој објасни дека се утврдува какви се прекршувања се направени, а откако беше утврдено дека изгорениот автобус минувал 135 пати низ границите, со лиценца од друго возило на компанијата.
За сопствениците на компанијата, Спасовски не кажа дали се во Македонија и дали биле на распит туку рече: „ Лицата се достапни и се разговара со нив врз основа на наредби од Обвинителството. Ќе има и разговори со патниците кои биле во групите. Веќе е почнато со прибирање информации“.
Прашан дали има нешто во компјутерите одземени од агенцијата „Беса транс“, Спасовски рече: „Секако дека има“. Во однос на тоа дали домот на сопственикот на компанијата се обезбедува од полиција, Спасовски кажа дека постапуваат согласно барањата на Обвинителството.
Во МВР има и оперативна обработка за сите институции и компании во Македонија, со проверки како се добивале лекарски уверенија за возачите, лиценците за возачите и фирмите. Министерот Оливер Спасовски кажа дека ова станува збор за засебен случај кој ќе трае подолго време.
„Ако се утврдат неправилности од страна на сопствениците од ‘Беса транс’, ќе сносат одговорност“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

