Македонија
Спасовски и Сулејмани потпишаа договор за соработка и размена на информации во електронска форма меѓу МВР и Управа за водење на матичните книги
Во МВР, од страна на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и директорот на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, беше потпишан договорот за соработка и размена на информации во електронска форма, а со цел натамошно поттикнување и јакнење на меѓусебната соработка и поуспешно и поефикасно спроведување на законски утврдените надлежности.
„На овој начин воспоставуваме соработка со размена на податоци и документи во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност во согласност со прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Во согласност со договорот, ќе се применуваат највисоките стандарди за етичко и законито однесување, а ќе се преземаат и сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од неа. Како договорни страни, за потребите на нашите институции, преку платформата за интероперабилност овозможуваме меѓуинституцинална соработка и пристап до регистрираниот сервис за определување матичен број“, рече министерот Спасовски за време на средбата пред потпишувањето на договорот. Спасовски истакна дека овој договор ги претставува напредокот и модернизацијата, како и тоа дека соработката и употребата на технологијата може да создадат силни врски помеѓу разни институции со цел да обезбедат ефикасна и ефективна услуга кон граѓаните и да се елиминираат злоупотребите.
„Преку овој договор ние ги зајакнуваме нашите капацитети за брза и точна размена на информации, што е од клучно значење во работата на нашите институции, со што овозможуваме поголема трансапрентност, ја намалувме бирократијата и ги елиминираме можностите за злоупотреба. Силно верувам дека ова е чекор напред кон подобра сервисна ориентираност на нашите институции кон граѓаните и сведочи за нашата подготвеност да се приспособиме на новите предизвици и да го искористиме потенцијалот на технологијата за да го подобриме квалитетот на животот на секој поединец“, истакна Спасовски упатувајќи благодарност до вклучените во проектот – Одделот за информатика и Одделот за граѓански рабои при МВР, како и до соработницире од Управата за водење на матичните книги.
Од страна на директорот на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, беше потенцирано дека, конечно, се остварува неколкугодишната заложба да се реализира овој проект, со оглед на тоа дека институциите се првиот контакт со граѓаните. Прито, тој истакна дека со соодветни упатства и рокови ќе се продолжи со имплементација на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес свечено примопредавање на претседателската функција
Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и досегашниот претседател Стево Пендаровски чијшто мандат истекува денес, предвидено е да остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија вчера и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. Во текот на денешниот ден таа пред пратениците во Собранието ќе даде свечена изјава.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај и тоа по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Македонија
Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени
Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје сончево со умерена, а попладне зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени, јавува УХМР.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.